Дома Фудбал Гвардиола ќе купи фудбалски уметник за „само“ 40 милиони евра

Гвардиола ќе купи фудбалски уметник за „само“ 40 милиони евра

Пеп Гвардиола е познат како тренер кој од играчите не толерира многу индивидуална слобода на теренот, тактичките задачи се подеднакво напорни и во одбраната и во нападот.

Меѓутоа, изгледа дека дури и шпанскиот експерт не останал имун на магијата што на зелениот тепих ја распрснува веројатно најатрактивниот фудбалер во Европа во овој момент, Рајан Шерки (21).

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Како што пренесуваат француските и германски медиуми, новиот член на Франција ги договорил сите лични услови со клубот од Манчестер, а некои извори одат чекор понатаму потенцирајќи дека и Лион и Сити исто така нашле заеднички јазик.

Земајќи го предвид дека договорот на Шерки со „лавовите“ истекува во летото 2026 година, јасно е дека клубот не може да смета на отштета во висина на реалната цена, па затоа се зборува за трансфер вреден околу 40.000.000 евра.

Велиме само затоа што станува збор за крилен напаѓач кој зад себе има 12 голови и дури 20 асистенции во 44 настапи за Лион оваа сезона во сите натпреварувања.

Често неговите атрактивни потези и дриблинзи ги радуваа очите на навивачите жедни за фудбал, па ќе биде интересно како ќе се вклопи момчето од алжирско потекло во малку ригидниот систем на Пеп Гвардиола полн со тактички барања.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …