Дома Фудбал Гвардиола има фаворити во ЛШ: Издвои четири екипи, една е изненадување

Гвардиола има фаворити во ЛШ: Издвои четири екипи, една е изненадување

Манчестер Сити испадна многу порано отколку што очекуваа многумина. Пеп Гвардиола му оддаде признание на Реал и го промовираше како еден од четирите фаворити за освојување на Лигата на шампионите.

Покрај кралскиот клуб, тренерот на Сити меѓу фаворитите ги смести и двете најдобри екипи од основниот дел, Барселона и Ливерпул, но и едно име кое моментално ретко кој го гледа во потесниот круг на фаворити.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


– Секако, Реал Мадрид е фаворит. Но, тука се и други тимови кои играат навистина добро. Ливерпул има одлична сезона, Барселона е фантастична. Но и Пари Сен Жермен кој го води мојот пријател Луис Енрике моментално е во замав – изјави Гвардиола.

Веќе во осминафиналето сигурно ќе испадне еден од овие четири тима, бидејќи е познато дека по ждрепката за оваа фаза на натпреварувањето, Пари Сен Жермен сигурно ќе игра или со Ливерпул или со Барселона. А победникот од тој натпревар е на истата половина од ждрепката како и Реал Мадрид.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Враќањето на Нејмар во Сантос од романтика се претвори во катастрофа

Бразилскиот фудбалер Нејмар може да го напушти Сантос по само пет месеци, клубот каде што …