Дома Фудбал Гвардиола го спореди со Меси. Погледнете го неговиот гол во триумфот на Сити

Гвардиола го спореди со Меси. Погледнете го неговиот гол во триумфот на Сити

ФУДБАЛЕРИТЕ на Манчестер Сити обезбедија победа од 2:0 против Брентфорд на својот стадион Етихад, со што се пласираа во полуфиналето на ЕФЛ купот. До победата ги водеа Ријан Черки и Савињо, а голот на Черки го привлече вниманието на јавноста по завршувањето на натпреварот.

Сити поведе во 32. минута. По изведен корнер, Черки ја дочека топката на работ на шеснаесетникот и извонредно ја погоди горната десна страна од противничкиот гол. Голот можете да го погледнете ТУКА. Савињо беше исто така ефикасен во вториот период.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Голот можете да го погледнете ТУКА.

Гвардиола го спореди со Меси

Черки продолжува со блескава форма во последните натпревари. Тренерот Пеп Гвардиола употреби пофалби за него по победата од 3:0 над Сандерленд пред девет дена, кога Черки асистираше со сензационален “рабоно” пас.

“Никогаш не сум видел Меси да ја поднесе топката на ваков начин, а тој е најдобриот играч кој ja играл оваа игра. Неговите кросови се импресивни, не е важно дали се изведени со десна, лева нога, со надворешната страна на стапалото или со глава”, истакна каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул му се одмазди на Галатасарај и ќе бара реванш против ПСЖ

Ливерпул го совлада Галатасарај со 4:0 на “Енфилд” и со вкупен резултат 4:1 го…