Манчестер Сити ќе го одбележи јануари 2025 година. Пеп Гвардиола побара, клубот му исполни и за сума од околу 150 милиони евра дојдоа – Омар Мармуш (75 милиони евра од Ајнтрахт), Абдукодир Хусанов (40 милиони евра од Ланс) и Витор Реис (40 милиони евра од Палмеирас).
Но, како стојат работите, Андреа Камбијасо нема да биде четвртото засилување на Пеп.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Левиот бек/вингер на Јувентус исто така беше желба на Пеп Гвардиола за овој трансфер период, но договор не се постигна. Не е познато дали Јувентус го преценил својот играч или Камбијасо не сакал да го форсира заминувањето, но Сити се насочува кон други цели.
Англиските медиуми тврдат дека Пеп сака да го засили и средниот ред, но засега не е познато кој би можел да биде неговата најголема желба.
Да потсетиме, Мармуш ќе биде конкуренција на Ерлинг Халанд во нападот, а Хусанов и Реис во одбраната. Првиот е стопер, додека Бразилецот може да игра и како десен бек. Не е исклучено Пеп од сега најчесто да игра со тројца стопери во одбрана, бидејќи конкуренцијата е огромна.