Дома Фудбал Гвардиола беше бесен: На прес-конференција ја повтори истата реченица четири пати

Гвардиола беше бесен: На прес-конференција ја повтори истата реченица четири пати

Пеп Гвардиола не го криеше своето незадоволство откако неговиот Манчестер Сити во сабота навечер беше поразен од Њукасл со 2:1. Тренерот на Сити влезе во жестоки расправии со Бруно Гимараеш, судиите, па дури и со еден камерман по напнатата средба на Сент Џејмс Парк, пишува Дејли Мејл.

Натпреварот беше обележан со контроверзии кои ја разгневија клупата на Сити. Во првото полувреме тие останаа без, според нив, чист пенал кога Фабијан Шар остро стартуваше на Фил Фоден. Дополнителни прашања се појавија при вториот гол на Харви Барнес, кој со два гола во второто полувреме донесе победа на домаќините.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Запрашан по натпреварот да го коментира разговорот со судиите, Гвардиола за БиБиСи беше краток. “Нема прашања, сè е во ред”, рече тој. Слично одговори и за Скај Спортс за расправата со Гимараеш: „Му реков колку е добар, (но тој разговор) е за приватни ситуации. Сè е во ред.”

Манчестер Ивнинг Њуз наведува дека на конференцијата за медиуми траела четири и пол минути, а Гвардиола четири пати повтори „сè е во ред”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Барселона ѝ беа потребни четири години да го исплати тренерот кој доживеа историски дебакл

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, откри дека чекал дури четири години за катал…