
Јошко Гвардиол, еден од најдобрите дефанзивци во светот, иако достигна светска слава, сè уште може да си го носи прекарот „симбол на скромноста“.
Има само 23 години и, покрај огромната популарност што ја стекна во последните две години, чиниш дека славата не го промени многу и не влијаеше значајно врз неговиот начин на живот.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Од својата прва сериозна заработка, Гвардиол купил куќа за своите сестри, мајка и татко во близина на Загреб, демонстрирајќи дека ароганцијата не е дел од неговиот речник.
Неговиот татко, Тихомир, отсекогаш се занимавал со риболов и, иако неговиот син стана светска ѕвезда, тој продолжи да се занимава со истата работа.
Гвардиол привлече внимание минатата година кога беше забележан како доаѓа на тренингот на Манчестер Сити со автомобил кој е омилен за оние од Балканот – Volkswagen Golf R.
Додека многу од неговите соиграчи уживаат во автомобили како Lamborghini, Ferrari, и Rolls-Royce, Гвардиол се одлучи за нешто поедноставно и скромно.
Сега англискиот „Goal“ објави детален извештај за неговите приходи во Манчестер Сити. Износите се навистина големи.
Според податоците на овој англиски портал, Гвардиол неделно заработува огромни 200.000 фунти, што е приближно 240.000 евра.
Годишно, оваа сума достигнува до 10.4 милиони фунти, односно 12.4 милиони евра, што го прави Гвардиол еден од најплатените хрватски фудбалери.
Фото: Принтскрин