
Одбранбениот играч на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, откри дека во времето кога бил младинец во Динамо Загреб, бил подготвен да се откаже од фудбалот и да се насочи кон кошарката.
Такви мисли го следеле на 16-годишна возраст. Гвардиол на крајот ги надминал своите дилеми, по што проби во првиот тим на Динамо и освои две шампионски титули и куп на земјата, по што се пресели во РБ Лајпциг за 16 милиони евра. По две сезони во Бундеслигата, Манчестер Сити плати за него 77 милиони фунти, правејќи го вториот најскап дефанзивец во историјата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Мислев да се откажам од фудбалот, бидејќи исто така ми се допаѓа и кошарката. Не бев сигурен, затоа што во еден момент, кога одев на тренинг, не се чувствував веќе среќен. Се обидував да најдам друг начин да бидам среќен, бидејќи сите мои пријатели играа кошарка.
Мојата сон сепак беше да станам професионален фудбалер, но не знаев дека ќе стигнам толку далеку. Ако се вратите пет години наназад и ме прашате, дали се гледате во Манчестер Сити во 2023, 2024, 2025? Би кажал дека нема шанси“, сподели Гвардиол за „Би Би Си“.