
Килијан Мбапе го одбележа реваншот на Реал Мадрид и Манчестер Сити, а со тоа индиректно го стави во фокус и Хрватот Јошко Гвардиол.
Французинот постигна три гола во победата од 3:1 за заверка на пласманот во осминафиналето од ЛШ со вкупни 6:3.
Мбапе погодуваше во четвртата, 33 и 61 минута, а вториот го постигна со тоа што го посрамоти Гвардиол.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Французинот со финта го испрати Хрватот во празно, по што Гвардиол заврши на тревата, а Мбапе остана сам пред голот и рутински постигна за 2:0.
Мадридскиот „АС“ за оваа одлична акција на Мбапе против Гвардиола објави текст со наслов: „Епски дриблинг против стоперот од 90 милиони евра за првата историска средба на Мбапе. Незаборавно“.
„Французинот ја одигра својата прва партија на Бернабеу која ќе остане запишана со големи букви. Три гола, но пред својот втор погодок го испрати Гвардиол по цигари со оваа генијалност“, додава шпанскиот весник.
Mbappe really broke Gvardiols Ankles
— MAGE 🐧 (@Mage_Crypt) February 20, 2025
😂😂😂, Hurts to watch pic.twitter.com/60v2LvJZv1