
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гуардиола, ќе донесе одлука за својата иднина по финалето на “Карабао купот” против Арсенал оваа недела. 55-годишниот стручњак има договор со клубот уште 18 месеци, но уште од почетокот на сезоната се зборува дека е поверојатно да си замине летово отколку да го исполни својот договор. Во клубот дури веќе размислуваат за негов потенцијален наследник, како едно од споменатите имиња е на поранешниот менаџер на Челси, Енцо Мареска. “Дејли Мејл” тврди дека спортскиот директор Уго Виана веќе водел претходни разговори со некои од кандидатите.
Самостојниот Гуардиола соопшти по елиминацијата на Манчестер Сити од Реал Мадрид во 1/8-финалето на Лигата на шампиони, дека иднината на тимот е “светла”, бидејќи составот е исклучителен. “Граѓаните” веќе се простија со една од големите титули, а во Премиер лигата заостануваат цели девет бодови зад Арсенал, иако имаат еден натпревар помалку. Шансите за трофеј оваа сезона остануваат во “Карабао купот” и ФА Купот, каде што Сити ќе се соочи со Ливерпул во 1/4-финалето.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
По финалето во недела следи пауза за националните репрезентации, што ќе му даде време на Пеп да го размисли своето конечно решение и да го соопшти на клубското раководство, а можеби и на пошироката фудбалска јавност.