Дома Фудбал Гринвуд повторно ги налути навивачите: Удри, а потоа и плукна противнички фудбалер (Видео)

Гринвуд повторно ги налути навивачите: Удри, а потоа и плукна противнички фудбалер (Видео)

Вчеравечер се одигра пријателски натпревар помеѓу Олимпик Марсеј и Астон Вила, а Мејсон Гринвуд уште еднаш на грд начин го привлече вниманието на фудбалската јавност.

Марсеј на Мејсон Гринвуд вчера одигра пријателски натпревар против Астон Вила и победи со резултат 3:1.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


И токму Гринвуд беше тој што го постигна голот за водство на францускиот тим уште во 5-тата минута, а Мекин брзо израмни резултат само три минути подоцна.

Во второто полувреме се „указа“ искусниот Обамејанг и постигна два гола, првиот во 76-та минута, а потоа и во 79-та минута за конечниот резултат (3:1).

Она што го привлече вниманието на фудбалската јавност повеќе од самиот резултат беше срамното однесување на контроверзниот Гринвуд.

Тој прво направи прекршок над Андре Онана така што го удари во колено одзади – што не би било ништо невообичаено, ако не го плукнал после тоа.

На тој начин предизвика бурна реакција на присутната публика, но и од играчите на Астон Вила кои застанаа во одбрана на својот соиграч.

Најмногу се истакна капитенот на англискиот тим – Тајрон Мингс кој бесно се втурна на Гринвуд.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сè е спремно за нов трансфер на Ливерпул – патот до дефанзивецот е отворен!

Фудбалерите на Ливерпул утре ќе играат против Кристал Палас на “Вембли” во рамките на Комј…