Дома Фудбал Гринвуд одлучи: Ја одби Англија и ја промени репрезентацијата!

Гринвуд одлучи: Ја одби Англија и ја промени репрезентацијата!

Мејсон Гринвуд игра феноменална сезона во дресот на Марсеј. Иако има одлична сезона, тој одлучи да се откаже од фудбалската репрезентација на Англија.

Фудбалскиот сојуз на Англија потврди дека Мејсон Гринвуд повеќе не може да настапува за селекцијата на Англија.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Гринвуд поднесе официјално барање да игра за селекцијата на Јамајка и ќе го носи дресот на оваа селекција во иднина.

Оваа вест дојде пред соопштението на Томас Тухел за наредниот список за мартовскиот старт на циклусот квалификации за Светското првенство 2026 година.

За статусот на Мејсон Гринвуд за англискиот Телеграф зборуваше Марк Булингем, кој потврди дека Гринвуд ќе игра за Јамајка.

“Тој побара замена. Целата работа веќе е во тек и нема да може да игра за нас бидејќи веќе одлучил да ја смени репрезентацијата еднаш,” рече Булингем.

Досега, Гринвуд имаше еден настап за А селекцијата на репрезентацијата на Англија. Она што е интересно, Булингем сам изјави дека Герет Саутгејт не бил под притисок да го исклучи Гринвуд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Ливерпул избрал замена за Ван Дајк?!

Фудбалскиот клуб Ливерпул означи нова цел за летниот преоден рок, и тоа е стоперот –…