Дома Фудбал Гримсби казнет за историската победа против Манчестер Јунајтед!

Гримсби казнет за историската победа против Манчестер Јунајтед!

Англиската фудбалска лига ја соопшти одлуката за казнување на Гримсби Таун откако беше откриено дека клубот го употребил играч без право на настап во историската победа против Манчестер Јунајтед во второто коло од ЕФЛ Купот, пишува GiveMeSport. Проблемот произлезе од тоа што позајмениот играч Кларк Одур не беше на време регистриран.

Регистрацијата му пристигнала само една минута по истекот на рокот во 12 часот, ден пред натпреварот. Интересно е што клубот самиот го пријави прекршувањето откако самите открија грешката по историската победа. Овој 26-годишник влезе во игра во 76-та минута кога Гримсби водеше со 2:0, но не успеа да го спречи Јунајтед да израмни со гол во судиското продолжение.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Натпреварот се решаваше по пенали, каде што токму Одур беше единствениот играч од Гримсби што промаши. И покрај тоа, клубот од Лига Два напредуваше со победа од 12:11, но сега се соочува со парична казна од 20.000 фунти, од кои половината се условни.

“Управниот одбор на EFL, во својство на Управен одбор на Карабао купот, денес го казни фудбалскиот клуб Гримсби Таун со 20.000 фунти, од кои 10.000 фунти се условни до крајот на сезоната 2025/26, за прекршување на натпреварувачките правила”, стои во соопштението објавено на официјалните страници на EFL.

“Прекршувањето се однесува на тоа што Клубот користел играч без право на настап против Манчестер Јунајтед на натпреварот од второто коло на 27 август 2025 година. Гримсби Таун прогресираше во третото коло со победа од 12:11 по пеналите на ‘Блундел Парк’.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кога Реал Мадрид ќе помисли дека конечно му тргнало, лоша вест го враќа „на земја“

Реал Мадрид вечерва игра на домашен терен против Хетафе во натпреварот од 26. коло на шпан…