Дома Фудбал Грем Потер не се прослави: Доби отказ и во Вест Хем!

Грем Потер не се прослави: Доби отказ и во Вест Хем!

Англискиот стручњак претрпе катастрофални резултати од почетокот на сезоната.

Вест Хем го отпушти тренерот Грахам Портер по само осум месеци на клупата, откако неговиот тим под негово раководство оствари само шест победи во 25 натпревари.

Одлуката беше донесена после поразот од Кристал Палас (1:2) на домашен терен, по што лондонскиот тим се најде на 19-то место во Премиер лигата со три бода од пет кола. Вест Хем оваа сезона прими 13 голови, а постигна само пет.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Англискиот стручњак во јануари потпиша двегодишен договор и го наследи Жулен Лопетеги. Тимот тогаш беше 14-ти на табелата, а сезоната ја заврши на иста позиција. Портер во тој период успеа да оствари пет победи во 18 натпревари.

Летово, клубот ги ангажира Ел Хаџи Малик Диуф, Кајл Вокер-Питерс, Калум Вилсон и голманот Мадс Хермансен, додека Жан-Клер Тодибо остана на позајмица. 

Истовремено, Вест Хем остана без Мохамед Кудус, кој премина во Тотенхем, а истекоа договорите на Мајкл Антонио, Дени Ингс, Арон Кресвел, Владимир Цоуфал и Лукаш Фабиански, кој подоцна се врати.

Навивачите во последниве недели го искажуваа своето незадоволство од резултатите и управата на клубот, а за време на натпреварот против Палас се слушнаа повици за негов отказ..

Според информациите на британските медиуми, раководството на Вест Хем веќе разговарало со Нуно Еспирито Санто (што во буквален превод од португалски значи Светиот Дух), поранешен тренер на Нотингем Форест, како и со Славен Билиќ, кој претходно го водеше клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Млад пар не можеше да си поверува, правеа фотографија и тогаш до нив помина – Меси! (Видео)

За многумина најголемиот фудбалер на сите времиња, Лео Меси, неочекувано пред две вечери с…