
Флоријан Вирц потпиша договор со Ливерпул и конечно беше претставен во клубот од “Енфилд”.
Долго се зборуваше за неговото доаѓање во Ливерпул, конечно сагата заврши, тоа е објавено и на официјалната страница на шампионот на Англија.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ова е најголемиот влезен трансфер на Ливерпул во историјата на клубот. „Црвените“ мораа да платат 116 милиони фунти за сјајниот германски фудбалер. Вирц потпиша петгодишен договор со Ливерпул, значи, на „Енфилд“ ќе биде барем до 2030 година.
Доскорешниот фудбалер на Леверкузен го сруши рекордот на Вирџил ван Дајк од 2018 година. Тогаш „црвените“ платија за Холанѓанецот 75 милиони фунти. Никогаш Ливерпул не потрошил толку големи пари на еден играч, овојпат одлучиле да „одврзат ќесата“.
„Минатата сезона Ливерпул ја освои Премиер лигата, значи, мојата цел е да го направиме тоа уште еднаш и да стигнеме далеку во Лигата на шампионите. Многу сум амбициозен“, беа првите зборови на Вирц по потпишувањето за Ливерпул.
Ова не е првото сериозно засилување на шампионот на Англија оваа сезона. Веќе претходно потпиша и Вирцовиот соиграч од Леверкузен, Џереми Фримпонг, а следен на ред за потпис е Милош Керкес од Борнмут кој ги договори сите услови.