Еден од најдобрите фудбалери на Наполи, Квича Кварацхелија, заслужен за титулата во претходната сезона, но и за првото место во Серија А за време на тековната, ги договори личните услови со Пари Сен Жермен и наскоро се очекува да потпише договор со “светците”. Ова ќе биде еден од петте најголеми ангажмани во јануарскиот преоден рок во историјата.
Како што пренесува добро информираниот Фабрицио Романо, кој посебно е блиско поврзан со италијанскиот фудбал, објави дека целокупниот ангажман со ПСЖ ќе чини 70.000.000 евра плус бонуси, што овој трансфер го става во рангот на најголемите некогаш во зимскиот трансфер период.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Се наведува дека Кварацхелија ќе стави потпис на петгодишен договор, а последниот збор треба да го имаат сопствениците на двата клуба. Тоа е единствената работа што се чека сега.
🔴🔵🇬🇪 Paris Saint-Germain have reached verbal agreement in principle with Napoli for Khvicha Kvaratskhelia.
— Фабрицио Романо (@ФабрициоРомано) Јануари 13, 2025
Deal in place for €70m plus add-ons after story revealed here last week.
Five year deal ready for Kvara. 🤝
Final approval from the owners and then… here we go. pic.twitter.com/Vas4549QPd