Дома Фудбал Готово: Манчестер сити Сити договори засилување од 70 милиони евра!

Готово: Манчестер сити Сити договори засилување од 70 милиони евра!

Манчестер Сити и дефинитивно го обезбеди првото засилување за летниот трансфер период, откако постигна договор за трансферот на Тијани Рејндерс од Милан.

Рејндерс уште порано се согласи на договорот со „Граѓаните“, а сега и гигантот од Сан Сиро се согласил, кој според Фабрицио Романо, ќе добие дури 70 милиони евра во име на обештетување.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Од оваа сума, Росонерите ќе добијат 55 милиони евра фиксирано, додека 15 милиони евра ќе бидат исплатени низ договорени бонуси.
За реализација остануваат само формалности, а наскоро се очекува и холандскиот фудбалер да биде на медицински прегледи на „Етихад“.

Рејндерс по две години ќе го напушти Милан, каде што пристигна од АЗ Алкмар за 20,5 милиони евра.

За Милан одигра вкупно 104 натпревари, постигнувајќи 19 голови и девет асистенции. За репрезентацијата на Холандија има 22 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…