Лошите резултати во првиот дел од сезоната ги принудија челниците на Манчестер Сити на брз преоден рок, и прашање е на момент кога ќе бидат објавени трансферите на Витор Реис и Абдукодир Хусанов.
Како што пренесува Саймон Бајковски, инсајдерот на Манчестер Сити и авторот на книгата „The Blueprint“ за проектот на Пеп Гвардиола во овој клуб, во наредните 24 часа се очекуваат објавите за првите две големи засилувања на Манчестер Сити во 2025 година.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Сѐ е договорено, играчите дури се фотографирале во дресот на Сити и останува само да се објават официјалните детали за двата трансфера.
Happy transfers week to all who celebrate https://t.co/HR6SkALLbn
— Simon Bajkowski (@spbajko) January 20, 2025
Станува збор за двајца стопери, Абдукодир Хусанов, 20-годишен стопер од Узбекистан кој пристигнува од Ланс, и Витор Реис (19), исто млад стопер кој доаѓа од бразилскиот великан Палмейрас.
Како што пренесува Бајковски, двојката ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе биде во тимот за дуелот наредниот викенд против Челси.
Тоа нема да биде сѐ од Манчестер Сити за овој преоден рок, бидејќи клубот е на чекор од потписот на Омар Мармуш, египетскиот напаѓач кој блеска во дресот на Ајнтрахт Франкфурт оваа сезона.
Сѐ е решено што се однесува до доведувањето на Мармуш, кој доаѓа за приближно 70 милиони евра. Мармуш за викендот не настапуваше во дербито против Дортмунд, но дојде на стадионот за да се прости од навивачите и најави нов ангажман во Сити.