Дома Фудбал Останато Готово: Хумелс објави крај на кариерата

Готово: Хумелс објави крај на кариерата

Дефанзивецот на Рома, Матс Хумелс, официјално објави дека ќе се повлече од фудбалот на крајот од оваа сезона.

Германскиот дефанзивец го соопшти своето решение преку емотивно видео на социјалните мрежи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Се борам со емоциите. Доаѓа момент кој ниту еден фудбалер не може да го избегне. По 18 години и толку многу работи што ми ги даде фудбалот, на лето ќе ја завршам кариерата“, рече тој во видео пораката.

Кариерата ја завршува на 36 години. Хумелс има играно за Баерн, Борусија, повторно Баерн и повторно Борусија, а во 2014 година стана светски шампион со Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Тотенхем добил закани со пиштол на улица

Фудбалерот на Тотенхем, Дестини Удоги, наводно бил жртва на шокантен инцидент во кој му се…