Дома Фудбал Готово е: Нејмар заминува од Саудиска Арабија – се враќа на местото на успехот

Готово е: Нејмар заминува од Саудиска Арабија – се враќа на местото на успехот

Тој беше проектиран да биде еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и иден освојувач на Златна топка. Беше важен дел од триото на Барса, М-С-Н, кое освои се што требаше да се освои, но лошите трансфер одлуки и алчноста за пари го заковаа на дното.

Бразилецот стана најскапиот фудбалер на светот кога Пари Сен Жермен за него и плати на Барселона 222 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сакаше да ги предводи „Светците“ до тронот и Лигата на шампионите, а сакаше да се издигне од сенката на Меси и да ја освои „Златната топка“, но ништо не излезе од тоа.

Кога не можеше сам, богатите сопственици на ПСЖ го доведоа Мбапе, а потоа и Меси во неговиот тим, но Лигата на шампионите остана сон.

Нападот од соништата се распадна многу брзо, Нејмар го мачеа повреди, а ловот на пари го доведе до Ал Хилал кој минатата зима го плати 100 милиони евра.

Таму одигра само седум натпревари, постигна еден гол и три асистенции, а клубот го понижи со тоа што не го пријави за продолжението на Саудиска Про лига. Тренерот на тимот изјави дека Нејмар повеќе не е способен да игра на високо ниво, па неговото заминување било неизбежно.

Се зборуваше за преселба во Чикаго Фајр, но Нејмар ќе се врати на местото на успехот – од каде што започна се, кај неговиот сакан Сантос.

Оваа информација ја донесе доверливиот Фабрицио Романо, кој истакнува дека позајмицата на Бразилецот во овој тим е договорена, и дека многу брзо ќе биде претставен.

Нејмар за Сантос одигра 225 натпревари, постигнувајќи 136 гола и 64 асистенции.

Одличните настапи во 2013 година го доведоа во Барселона во трансфер вреден 88 милиони евра, а останатото е историја…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал минува низ пекол: „Грд си, врати се во Мароко“

Шпанскиот репрезентативец Ламине Јамал беше изложен на расистички коментари и навреди од с…