Дома Фудбал Готово: Џејдон Санчо се сели во Јувентус

Готово: Џејдон Санчо се сели во Јувентус

Џејдон Санчо ќе стане нов фудбалер на Јувентус! 

Сигурни извори од Италија открија денес дека агентот на Санчо пристигнал во Торино за завршните преговори.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Наводно, Јунајтед конечно се согласил да ја намали отштетата, која претходно била поставена на 25.000.000 евра, а Јувентус ќе понуди 15.000.000 и потенцијални бонуси.

Санчо ги договорил личните услови, чека зелено светло за да отпатува во Торино на лекарски прегледи и потпис.

Санчо ја помина минатата сезона на позајмица во Челзи, кој не ја активираше откупната клаузула од 35.000.000 евра и поради тоа на Јунајтед му плати пенал од 6.000.000 евра. Токму тоа можеби е една од причините зошто клубот на крајот се согласил да ја намали цената, бидејќи Јувентус беше најконкретен. 

Сепак, Јунајтед ќе биде на губиток, бидејќи Санчо го платија летото 2021 година дури 85.000.000 евра за трансфер од Борусија Дортмунд. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…