Дома Фудбал Готово: Барселона договори нов голман!

Готово: Барселона договори нов голман!

Барселона е на пат да го направи следниот трансфер изненадување со потпишување на нов голман откако одлучи да ја активира откупната клаузула за чуварот на мрежата за кој малкумина слушнале, а тоа е Жоан Гарсија.

Жоан Гарсија во моментот брани за Еспањол и има 24 години, а целата кариера ја помина во овој клуб, инаку градски ривал на Барселона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во тековната сезона Гарсија настапи во сите 38 натпревари во Ла Лига за Еспањол и прими 51 гол, но на осум мечеви успеа да ја сочува својата мрежа без примено гол.

Трансферот на Гарсија во Барселона ќе изненади многумина, бидејќи тренерот Ханси Флик веќе минатата сезона имаше луксузен избор помеѓу Марк Андре Тер Штеген и Војчех Шчесни, кој блескаше додека Германецот беше отсутен поради повреда.

Некои инсајдери предвидуваат дека Барселона може да го испрати Гарсија на позајмица, што би било невообичаено, со оглед на тоа дека за него ќе издвојат неверојатни 25 милиони евра.

Официјалната потврда на трансферот е најавена за следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти киксна на дебито со Бразил

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го започна својот мандат на чело на бра…