Дома Останати Тенис Ѓорческа за само 88 минути обезбеди осминафинале во Романија

Ѓорческа за само 88 минути обезбеди осминафинале во Романија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна игра го започна настапот на турнирот во Романија, совладувајќи ја Симона Огеску со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2.

Ѓорческа во првиот сет ја наметна својата доминација уште по почетните геми, а првиот брејк го направи при резултат 2-2, кога поведе со 3-2. Иако Огеску веднаш возврати и израмни на 3-3, Македонката не дозволи изненадување – со агресивна игра освои уште два сервис-гема на својата противничка и го затвори сетот со 6-3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вториот сет беше исполнет со повеќе пресврти, бидејќи двете тенисерки имаа проблеми на свој сервис. Сепак, Ѓорческа покажа поголема ментална стабилност и искористи неколку клучни шанси, со што ја заврши партијата во своја полза со конечни 6-2.

Со овој триумф, Лина обезбеди пласман во следната рунда, каде што ќе се обиде да ја продолжи победничката серија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонците во Мелбурн навиваа за Ѓорческа – ечеше „Македонија, Македонија“! (Видео)

Триумфот на Лина Ѓорческа во првото квалификациско коло на Австралија опен помина во знако…