Дома Останати Тенис Ѓорческа гази сè пред себе во Романија – со триумф го отвори новиот турнир

Ѓорческа гази сè пред себе во Романија – со триумф го отвори новиот турнир

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска забележа нова победа во Романија, совладувајќи ја Џорџија Андреа Крајчун со 2-1 во сетови, по резултат 6-4, 4-6 и 7-5.

Првиот сет се одвиваше во изедначена игра, со многу извртувања на гемовите и ретки зачувани сервиси. Ѓорческа успеа да направи клучен брејк во 10. гем, што ѝ донесе победа во сетот со 6-4.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во вториот сет, македонската тенисерка започна силно и направи брејк уште во третото коло. Сепак, Романката брзо возврати со свој брејк и успеа да го освои сетот со 6-4, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот.

Третиот сет донесе нови возбудувања. Ѓорческа поведоа со 3-0, но противничката успеа да израмни на 3-3 и да го загрози водството на македонската тенисерка. Во клучните моменти, Ѓорческа покажа голема концентрација и упорност, направи уште еден брејк и го доби сетот со 7-5, обезбедувајќи си нов триумф и пласман во следната рунда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синот на Трамп по страшниот напад во Австралија, потсети на случајот со Ѓоковиќ

Синот на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп Јуниор, г…