
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена, откако во осминафиналето на турнирот во Србија ја совлада Италијанката Виторија Паганети со убедливи 2-0 во сетови (6-3, 6-4).
Иако мечот започна неповолно за Ѓорческа – Паганети направи ранен брејк и поведе со 3-1 – македонската тенисерка брзо се стабилизираше и одговори со два брејка во серија. Со агресивна игра и стабилен сервис, Ѓорческа го освои првиот сет со 6-3, правејќи целосен пресврт.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вториот сет започна уште подобро за Ѓорческа, која веднаш го одзеде сервисот на противничката и поведе со 2-0. Италијанката кратко се врати во игра и израмни на 2-2, но тоа беше сè што успеа да направи. Ѓорческа повторно го наметна својот ритам, контролирајќи ја играта до самиот крај и запишувајќи победа со 6-4.
Фото: Принтскрин