Дома Останати Тенис Ѓорческа ѝ одржа лекција на Паганети за четвртфинале во Куршумлиска Бања

Ѓорческа ѝ одржа лекција на Паганети за четвртфинале во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена, откако во осминафиналето на турнирот во Србија ја совлада Италијанката Виторија Паганети со убедливи 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Иако мечот започна неповолно за Ѓорческа – Паганети направи ранен брејк и поведе со 3-1 – македонската тенисерка брзо се стабилизираше и одговори со два брејка во серија. Со агресивна игра и стабилен сервис, Ѓорческа го освои првиот сет со 6-3, правејќи целосен пресврт.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Вториот сет започна уште подобро за Ѓорческа, која веднаш го одзеде сервисот на противничката и поведе со 2-0. Италијанката кратко се врати во игра и израмни на 2-2, но тоа беше сè што успеа да направи. Ѓорческа повторно го наметна својот ритам, контролирајќи ја играта до самиот крај и запишувајќи победа со 6-4.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неверојатно: Тенисерка бараше од судијка да исфрли дете од трибините (Видео)

Невидена сцена на натпреварот Сабаленка и Радукану: “Дали сакаш да го извадам надвор…