Дома Фудбал Голoт на Ван Дајк против Манчестер Сити неправилно е поништен

Голoт на Ван Дајк против Манчестер Сити неправилно е поништен

Голoт на Вирџил ван Дајк против Манчестер Сити, кој беше поништен поради офсајд на Ендру Робертсон, требало да биде признаен. Таков став изрази Kомисијата за клучни инциденти за време на натпреварите од Премиер лигата (KMI), изјави “Тајмс”.

Комисијата се состои од тројца поранешни играчи или тренери, еден претставник од Премиер лигата и еден од Асоцијацијата на професионални судии.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мислењето на KMI е дека голoт требало да биде признаен. Но комисијата смета дека Мајкл Оливер, кој одговараше за ВАР во овој дуел, правилно одлучил да не се меша и не го поништил решението на линискиот судија, кој веднаш на теренот одсуди офсајд. Причината е тоа што оваа одлука не може да се оцени како очигледна грешка, бидејќи Робертсон навистина бил во офсајд и извршил видливо дејствие пред голманот.

По натпреварот, шефот на судиите Хауард Веб го бранеше решението, иако се согласи дека во овој случај тоа е многу субјективно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…