Голманот на Волфсбург, Камил Грабара истакна дека Скот Мекена е најлошиот фудбалер со кој играл во кариерата.
Грабара и Мекена беа соиграчи во Копенхаген, Данска, во втората половина од минатата сезона.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Скот Мекена е најлошиот фудбалер што некогаш сум го видел во мојот живот. Тој сега игра за Лас Палмас. Не знам како. Тој е најлошиот фудбалер со кој сум играл и едноставно немав трпение за него“, изјави голманот и додаде.
„Имав ситуации на тренинг кога работевме некои вежби и тој тоа го правеше три пати на свој начин. Четвртиот пат му реков да не го прави така, а петтиот пат повторно го направи истото. Не можев да го поднесам. Имаше мали и големи расправии и јас едноставно не можев да издржам, а тој не се однесуваше со мене како со пријател, а тој беше единствениот со кој не сакав да тренирам и разговарам“.