Дома Останати Ракомет Голманот на Данска кој правеше „чуда“ во финалето откри: Ништо не јадев цел ден

Голманот на Данска кој правеше „чуда“ во финалето откри: Ништо не јадев цел ден

Емил Нилсен, еден од најдобрите ракометни голмани во светот, блескаше во финалето на Светското првенство против Хрватска.

Неговата Данска ја победи Хрватска со резултат 32:26 и по четврти пат последователно стана светски шампион, а Нилсен запиша дури 11 одбрани.

Од првите четири удари врз својот гол, одбрани дури три удари на Хрватите и веќе тогаш беше јасно дека Данците ќе го освојат трофејот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По натпреварот, сосема заслужено, беше прогласен за најдобар голман на Светското првенство, како и член на идеалниот тим на турнирот.

Нилсен откри дека имал големи проблеми пред финалето и дека не јадел цел ден.

“Имав многу бурна ноќ позади мене. Се разболев и не спиев цела ноќ, заспав само околу 9 или 10 часот наутро. Се разбудив половина час пред да тргнеме во теретана. Не јадев ништо цел ден поради тоа што бев нервозен и под стрес, па навистина сум среќен што сè испадна добро”, изјави Нилсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…