Дома Фудбал Голманот на четвртолигашот кој го елиминираше Јунајтед: Јас сум навивач на Манчестер, па чувствувам гнев

Голманот на четвртолигашот кој го елиминираше Јунајтед: Јас сум навивач на Манчестер, па чувствувам гнев

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД не успеа во натпреварот од Карабао купот, откако беше елиминиран од тимот на Гримсби, четвртолигаш, по изведувањето на пенали (2:2, 12:11). Резултатот по 90 минути беше 2:2, по што следуваше драматично изведување на пенали. Играчи на Јунајтед не успеаја да обезбедат победа по 13-те серии. Во корист на Гримсби, голови постигнаа Чарлс Вернам во 22-та минута и Тајрел Ворен во 30-та минута од средбата. За Јунајтед погодија Брајан Мбеумо во 75-та минута и Хари Магваeр во 89-та минута.

Натпреварот го коментираше Кристи Пим, 30-годишниот голман на Гримсби, кој успеа да одбрани клучен пенал од Куња во петтата серија. Ако Куња го постигнеше голот, Јунајтед ќе поминеше понатаму. “Јас сум навивач на Манчестер Јунајтед, па затоа чувствувам малку гнев. Но, ваквите ноќи се причината зошто играме фудбал,” изјави Пим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Што се однесува до пеналите? Требаше да бидам подобар. Ги анализиравме нивните удари со тренерот, ама тие постојано ја менуваа техниката на шутирање. Успеав да одбранам еден удар, што ни даде надеж, а моите соиграчи го завршија остатокот,” додаде Пим.

Пеналот на Куња беше единствениот што Пим го одбрани, додека главниот неуспех за Јунајтед беше кога Мбеумо во 13-та серија ја погоди пречката. Сепак, токму таа одбрана од Пим беше одлучувачка, а тој подоцна успешно го реализираше и својот удар од белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички постигна 16 гола на еден натпревар, па остана без тренер

Фудбалскиот клуб Работнички реши по само три кола во новата сезона од ПМФЛ да ја прекине с…