
Нотингем Форест активно работи на засилување на тимот за претстојната сезона.
Клубот предизвика големо внимание со последните трансфери по заминувањето на играчи како Еланга, Данило, Соса; Тернер и Омобамиделе, а досега успеаја да ги ангажираат Хачинсон од Ипсвич, Ендое од Болоња, Мекати од Манчестер Сити, Жесус и Куња од Ботафого и Ган од Норич.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, најзначајното засилување ќе биде – Даглас Луиз.
Фудбалерот на Јувентус веќе постигнал договор со Нотингем, а поранешниот играч на Астон Вила има желба да се врати во Премиер лигата, додека клубовите блиску се до финален договор.
Колкава сума е во прашање?
Веќе е испратена понуда од околу 30 милиони евра, а се очекуваат и дополнителни бонуси кои би можеле да го убедат Јувентус за успешно завршување на овој трансфер.
Остануваат уште две недели, и се чини дека оваа приказна би можела да биде окончана наскоро…