Дома Фудбал Големо засилување за Белгија: Се враќа Тибо Куртоа!

Големо засилување за Белгија: Се враќа Тибо Куртоа!

Голманот на мадридски Реал, 32-годишниот Тибо Куртоа, изјави дека е подготвен да се врати во белгиската репрезентација следниот месец откако е сменет поранешниот селектор Доменико Тедеско. Куртоа поради конфликтот со Тедеско го пропушти и минатото Европско првенство во Германија, а последниот, 102. настап за Белгија го имаше уште во јуни 2023.

“Ми недостигаше репрезентацијата, но сега сум подготвен за враќање”, рече Куртоа гостувајќи во подкаст кој го води поранешниот англиски стопер Рио Фердинанд.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


И новиот белгиски селектор Руди Гарсија по разговорите што ги водеше со Куртоа изјави дека би сакал да го има во тимот. Белгија крајот на март ќе игра два натпревари против Украина за останување во Лига А од Лигата на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер ќе биде без Тирам околу еден месец

Напаѓачот на Интер, Маркјус Тирам, ќе отсуствува од терените околу еден месец поради повре…