Дома Фудбал Големиот Павел Недвед за првпат ќе работи во репрезентативниот фудбал!

Големиот Павел Недвед за првпат ќе работи во репрезентативниот фудбал!

Еден од најпознатите чешки фудбалери на сите времиња, Павел Недвед, се врати по скоро две децении во националниот тим, преземајќи ја улогата на генерален менаџер задолжен за сениорскиот тим и за селекцијата на играчите до 21 година.

Долгогодишниот функционер на Јувентус, кој во 2022 година излезе од управниот одбор на италијанскиот гигант поради скандал, последниве месеци беше активен како спортски директор на Ал Шабаб. Сепак, на изненадување на многумина, одлучи да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во својата родна земја.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Оваа одлука дојде во месецот кога чешката репрезентација доживеа тежок пораз од Хрватска во квалификациите за Светското првенство следната година, расипувајќи го впечатокот по импресивните три победи на почетокот на циклусот.

Чешка последен пат играше на Мундијалот во 2006 година во Германија, токму во времето кога Недвед се повлече од репрезентативниот фудбал, па има симболика во неговото враќање за да ја врати репрезентацијата на големата сцена.

Чешка ќе ги продолжи квалификациите по поразот од Хрватска во септември, со гостување во Црна Гора, а до крајот на годината ги очекуваат дуели со Хрватска, Фарските острови и Гибралтар.

Фото: Juventus FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…