
На „Олд Трафорд“ очигледно повеќе нема простор за калкулации и полуготови решенија.
Според британските таблоиди „Мирор“, Манчестер Јунајтед планира една од најголемите чистки во последните години.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Дури осум играчи се на излезната врата, сè со цел клубот да може да започне реализација на еден голем трансфер план.
Во фокусот е фудбалерот Елиот Андерсон, чие што вредност се проценува на огромни 100 милиони фунти.
Тоа е износот кој јасно покажува дека Јунајтед мора да донесе сериозни одлуки.
Првите имиња на списокот за продажба се Расмус Хојлунд и Маркус Рашфорд.
За овие двајца, клубот очекува околу 64 милиони фунти, благодарение на клаузулите во договорите за позајмица со Наполи и Барселона.
Овие пари би требало да бидат првиот чекор кон големиот трансфер.
На списокот за одлузување е и Андре Онана, кој моментално брани на позајмица во Трабзонспор.
Ситуацијата не е многу подобра ниту за Мануел Угарте и Џошуа Зиркзе.
Иако за нив се платени големи суми, 50.8 милиони за Угарте и 36.5 милиони за Зиркзе, клубот е подготвен да ги продаде и со значителен финансиски губиток.
Тоа доволно зборува колку е итно потребно реструктурирање на тимот. Но, тоа не е крај за пресекување.
Тирел Маласија, Џадон Санчо и Касемиро ќе го напуштат клубот како слободни играчи.