Дома Фудбал Голем удар за Ливерпул: Една од ѕвездите на чекор до потпис со Челси!?

Голем удар за Ливерпул: Една од ѕвездите на чекор до потпис со Челси!?

Челси испратил понуда од 43 милиони фунти (околу 50 милиони евра) за дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате. Францускиот репрезентативец, кој важи за еден од клучните стопери на тимот од „Енфилд“, во Ливерпул пристигна во 2021 година од РБ Лајпциг.

Конате во изминатите сезони се наметна како важен дел од одбраната на „црвените“, благодарение на неговата физичка сила, сигурна игра и одлична позиционираност. Сепак, интересот на Челси покажува дека клубот од Лондон е подготвен сериозно да вложи во зајакнување на својата дефанзивна линија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Доколку Ливерпул ја прифати понудата, ова би можело да биде едно од поголемите изненадувања на тековниот преоден рок, со оглед на тоа што Конате има важна улога во тимот и долгорочен договор со клубот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Апсурд: Најслабиот тим во Европа може да се најде на бараж за Светско Првенство 2026

Сан Марино, убедливо најслабиот национален тим во европските квалификации, неочекувано се …