
Делегацијата на Фудбалскиот клуб Нови Пазар пристигна во Полска во среда по повод реванш натпреварот од второто квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига, кој се игра во четврток во Бјалисток против тимот на Јагиелонија, каде што ги пречекаа непријатности од навивачите на домашниот тим.
“За жал, мораме да ја информираме јавноста дека во доцновечерните часови се случи сериозен инцидент кој ја загрози безбедноста на членовите на нашата делегација. По вечерата во ресторан во центарот на Бјалисток, која нашите членови ја напуштија околу 22:45 часот, забележаа група сомнителни лица во црни дуксери и капи како ги набљудуваат од блиските пасажи”, соопштија од клубот.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според нивните зборови, во моментот кога дел од делегацијата се обидуваше да се врати во хотелот, околу 15 лица носејќи фантомки тргнале кон нив, поради што се повлекле повторно во ресторанот и веднаш ја контактирале полицијата.
“За жал, полициска патрола пристигна дури по повеќе од половина час, а возилата се запреа на десетина метри од ресторанот. Во обид да стигнат до возилото кое требаше да ги одведе, членови на нашата делегација беа изложени на дополнителен напад од група над 30 маскирани лица кои насилно нападнаа на членовите на нашата експедиција”, додадоа тие.
Истакнаа дека нивните членови во тој момент не носеле никакви обележја на клубот и на никаков начин не го испровоцирале наведениот инцидент кој, како што велат, за среќа не завршил со сериозни последици.
“Фудбалскиот клуб Нови Пазар изразува длабока загриженост за безбедноста на своите членови и незадоволство поради бавното реагирање на локалната полиција. За овој инцидент веднаш ќе бидат известени надлежните институции на УЕФА, Амбасадата на Република Србија во Полска, како и сите релевантни меѓународни тела”, заклучија од Фудбалскиот клуб Нови Пазар.