Дома Фудбал Голем потег на Пикси: Ќе предложам пријателски натпревар помеѓу Србија и Македонија (Фото)

Голем потег на Пикси: Ќе предложам пријателски натпревар помеѓу Србија и Македонија (Фото)

Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, зборуваше на прес-конференција пред двомечот со Австрија.

Се работи за бараж за опстанок во А Лигата на нациите, а пред да зборува за фудбалот, Пикси изрази сочувство до семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, но и најави дека ќе даде предлог да се одигра хуманитарен натпревар..

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


– Пред да започнеме со конференцијата за натпреварите што претстојат, вчера се случи една страшна несреќа. Незапамтена трагедија во Кочани, Македонија, сакам да изразам сочувство до народот на Македонија и до семејствата на загинатите, една навистина голема трагедија. Ќе предложам на Фудбалскиот сојуз на Србија да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за во некој нареден период да организираме натпревар со нив, се разбира со хуманитарен карактер. По нашите трагедии, уште една голема, но тоа е животот – рече Стојковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Момент од финишот на дербито – Инзаги беснееш на судијата: Не го продолжувај натпреварот! (Видео)

Тренерот на милански Интер, Симоне Инзаги, тешко го прифати убедливиот пораз во градското …