Дома Фудбал Голем момент за Погба: Одржа говор пред навивачите на Монако (Видео)

Голем момент за Погба: Одржа говор пред навивачите на Монако (Видео)

Пол Погба им се обрати на поддржувачите по победата од 1:0 против актуелниот шампион, Пари Сен Жермен. Поранешниот член на Манчестер Јунајтед и Јувентус, кој повторно се врати на фудбалските терени овој месец по трансферот во Монако и истекот на казната за допинг, покажа колку е битен за неговиот нов тим.

Триумфот на Монако во сабота против ПСЖ ја отвори трката за титулата во Франција. Домаќините ги освоија важните три поени со голот на Такими Минамино, кој 22 минути пред крајот на натпреварот ја заврши акцијата на Александар Головин во голот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тимот на Кнежевството ја задржа предноста и покрај тоа што Тило Керер доби директен црвен картон за груб фаул, десет минути пред финалниот свиреж. Во играта влезе и Погба во 86-та минута, чија искуство помогна во одбраната од завршните налети на ПСЖ и зачувувањето на победата.

По дебито на домашен терен, францускиот среден играч се обрати на навивачите. “Денес беше важен ден. Победивме, но следната игра е она што е важно. Веќе работиме да го постигнеме тоа. Продолжуваме заедно. Никогаш не се предаваме. Ви благодарам”, порача Погба.

Францускиот фудбалер им се приближи на фановите на Монако, што може да се види во видеото кое Лига 1 го објави со опис: “Погба како лидер држи говор пред фановите.” На крајот доби аплауз.

Се очекува влијанието на Погба во тимот да расте, а првата можност да игра од почеток може да ја има во петок, кога Монако гостува против Стад Брестоаз во обид да се приближи до врвот на табелата. Во претходните две натпревари Погба одигра само девет минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатни сцени во Бергамо: Џеко ги молеше навивачите на Фиорентина (Видео)

По поразот од Аталанта со резултат 0-2 во Бергамо, фудбалерите на Фиорентина завршија пред…