Дома Фудбал Голем инцидент: Суарез го плукна тренерот по тепачката на крајот од финалето (Видео)

Голем инцидент: Суарез го плукна тренерот по тепачката на крајот од финалето (Видео)

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (36), фудбалер на Интер Мајами и поранешна ѕвезда на Барселона и Атлетико Мадрид, се најде во центарот на нов скандал откако камерите го снимија моментот кога го плука членот на стручниот штаб на Сиетл Саундерс, Џин Рамирез, за време на хаосот кој изби на крајот од финалето на Лига Купот.

Интер Мајами, за кој настапуваат и Лионел Меси, Серхио Бускетс и Џорди Алба, беше поразен со убедливи 3:0 од Сиетл, а стрелците беа Осазе де Росарио, Алекс Ролдан и Пол Ротрок. Емоционалниот завршеток на натпреварот се претвори во отворен конфликт меѓу повеќе играчи од двата тима.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во центарот на инцидентот се најдоа Суарез и Џин Рамирез, кој ја извршува функцијата задолжена за безбедноста на играчите во Сиетл. Двајцата размениле остри зборови, по што Суарез – според достапните снимки – го плукнал Рамирез, што предизвикало дополнителни тензии.

Luis Suarez spits at a Seattle Sounders staff member
byu/Delmer9713 insoccer

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез си ја „кубе косата“: Пушти играч кој вчера докажа дека вреди милиони, а сега го сака назад..

Реал Мадрид е познат по врвната младинска школа, но ниту академијната не е непогрешлива. Е…