Дома Фудбал Голем гнев во Мадрид: Ѕвездите на Реал брутално ги навредиле судиите – познато што им викале

Голем гнев во Мадрид: Ѕвездите на Реал брутално ги навредиле судиите – познато што им викале

По поразот на Реал од Селта на Бернабеу во претходното коло на Ла Лига и водството на Барса на четири бодови, голема криза ја тресе Кралскиот клуб.

Често немоќта предизвикува гнев, а токму така изгледаа фудбалерите на Реал против во последно време фуриозниот тим од Виго.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Различни протести и навреди од играчите на Реал упатени кон главниот судија Квинтеро Гонзалес и неговиот судиски тим во завржницата на натпреварот и по него беа брутални. Мадридците не се воздржуваа, телевизиските камери лесно ги фатија како со рафална оган напаѓаат судиите.

Камерите се фокусираа на Џуд Белингам токму кога пријде на четвртиот судија и луто извика: “Проклет идиот”. Англичанецот мораа да го смират неговите соиграчи за да спречат ескалација.

Тоа не беа единствените протести. Родриго исто така беше снимен како му приоѓа на судијата, покажувајќи на грбот на Реал и викнувајќи: “Морате да покажете почит, гледајте каде сте.”

Винисиус исто така му се обрати на главниот и на четвртиот судија по исклучувањето на Ендрик.

“Дајте уште, уште црвени картони, дајте црвени картони на сите. Вие сте секогаш исти, секогаш исти”, викаше Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Барселона избегал од токсичната атмосфера во Барселона

Одбранбениот играч и капитен на Барселона, Роналд Араухо, отпатува во Тел Авив на духовно …