
Кога клубот не сака по којзнае кои причини, сака тренерот. Рубен Аморим ќе го плати патувањето на клупскиот персонал во Билбао за финалето на Лигата на Европа.
Поточно, ќе плати до две влезници со патни трошоци за своите 30 члена на стручниот штаб, за да можат да поведат членови на семејството или пријатели на големото финале на Лигата на Европа.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Аморим го направи тоа бидејќи Манчестер Јунајтед не сакаше. Причината е – заштеда…
Се поставува прашањето дали навистина е таков финансиски терет за глобалниот фудбалски гигант како Манчестер Јунајтед да плати за влезници и сместување за луѓето што работат во клубот и нивните семејства. За споредба, ПСЖ плати влезници и патување за целиот персонал во клубот за финалето на Лигата на шампионите, каде што ќе игра против Интер.
Но – какви и да се потезите кои администрацијата ги прави, такви се резултатите. Јунајтед оваа сезона ќе ја заврши на катастрофална позиција за нив во Премиер лигата. Моментално се веднаш над линијата, односно 17-ти се на табелата. Ако Ипсвич, Лестер и Саутемптон не беа толку лоши оваа сезона, ќе се зборуваше дека Манчестер Јунајтед е во опасност од испаѓање во Чемпионшип.
За да ја спасат сезоната, Јунајтед ќе игра на 21 мај во Билбао против Тотенхем за трофејот на Лигата на Европа и место во Лигата на шампионите.