Дома Фудбал Гол-шоу на Нотингем – Брајтон прегазен! (Видео)

Гол-шоу на Нотингем – Брајтон прегазен! (Видео)

Фудбалерите на Нотингем Форест го прегазија Брајтон со огромни 7:0 и така се вратија н победите по поразот од Бурмот во минатото коло од 5:0.

Гол-шоуто за домаќините беше отворено со автоголот на Данк по само 12 минути игра. Напаѓаше и Брајтон, но домашниот состав беше одличен во реализацијата. Гибс-Вајт зголеми на 2:0 во 25. минута, а само седум минути подоцна најдобриот стрелец на Нотингем Вуд стрелаше за 3:0.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во второто полувреме Брајтон како да се откажа и Нотингем немаше проблеми и да дојде во една од нивните најубедливи победи во Премиер лигата. Вуд постигна уште два гола со што комплетираше хет-трик, додека по еден гол постигнаа Вилијамс и Жота Силва за конечни 7:0.

Нотингем на табелата сега е трет со 47 бода, колку што има и Арсенал со натпревар помалку, Брајтон е на 9-тата со 34.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …