Дома Останати Тенис Ѓоковиќ започна со припремите за походот по 25. грен слем: Откри и со кого тренира (Фото)

Ѓоковиќ започна со припремите за походот по 25. грен слем: Откри и со кого тренира (Фото)

Новак Ѓоковиќ, веќе активно се подготвува во Лондон за Вимблдон.

На својот Инстаграм профил, Ѓоковиќ сподели фотографии од тренингот што го одржа заедно со Американецот Кристофер Јубенкс.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Српскиот тенисер наскоро ќе се натпреварува на третиот грен слем од годината, каде што во изминатите две години играше финалиња, кои за жал ги загуби од Карлос Алкараз.

Годинава, Ѓоковиќ ќе се обиде да го освои својот јубилеен 25. грен слем трофеј.

Многумина се прашуваа каде е и што прави Ѓоковиќ, бидејќи го видоа во Атина, Грција. Сепак, оваа недела Новак реши да ги прекине сите шпекулации.

На социјалните мрежи, со описот „Вимблдон, здраво“, откри дека се наоѓа во главниот англиски град.

Фото: Novak Djokovic/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ погоден од трагедијата: Како Србинот се збогуваше од трагично настраданата колешка (Фото)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше првиот меѓу сите српски тенисери ш…