Дома Останати Тенис Ѓоковиќ во сериозни проблеми пред осминафиналето на Вимблдон!?

Ѓоковиќ во сериозни проблеми пред осминафиналето на Вимблдон!?

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ повторно се соочува со здравствени проблеми токму во клучниот дел од Вимблдон, турнир на кој се надеваше дека конечно ќе стигне до својот 25. грен слем трофеј – историски успех што го брка веќе подолго време.

Според српските медиуми, Ѓоковиќ се здобил со нова повреда непосредно пред осминафиналниот дуел против Австралиецот Алекс Де Минор, кој е закажан за понеделник во 14:30 часот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Засега нема официјални детали за видот и сериозноста на повредата, но загриженоста кај неговите фанови е очигледна.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …