Дома Останати Тенис Ѓоковиќ треба да го прескокне Ролан Гарос и да игра само на Вимблдон!?

Ѓоковиќ треба да го прескокне Ролан Гарос и да игра само на Вимблдон!?

Поранешниот британски број еден Грег Руседски смета дека Новак Ѓоковиќ треба да го прескокне Ролан Гарос.

Руседски е убеден дека Ѓоковиќ треба добро да се подготви за Вимблдон, каде што традиционално игра добро и каде што има добра шанса за 25тиот Гренд слем трофеј.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мислам дека Новак треба да размисли за прескокнување на Ролан Гарос и да се фокусира на Вимблдон. За навивачите на Новак, има надеж. Замислете да игра толку добро на Вимблдон. Чувствувам дека Ролан Гарос е надвор од неговиот дофат поради физичката игра“, изјави Руседски и додаде:

„Сега има три недели меѓу Ролан Гарос и Вимблдон. Некогаш беа две. Би можел всушност да игра на два турнира, да направи пауза една недела и да игра на Вимблдон. Ќе биде интересно да се види што ќе одлучи”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер гази, брка подвиг каков што никој не направил девет години!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер оствари победа над Александар Зверев со резултат 2:0, со…