
Новак Ѓоковиќ, кој е во потрага по својата рекордна 25-та грен-сслем титула, се опорави од загубата на првиот сет против американскиот квалификант Закари Свaјда и извојува победа со 3:1 во сетови (6:7, 6:3, 6:3, 6:1) на теренот на стадионот Артур Еш.
Со оваа победа се квалификуваше во третото коло на УС Опен, каде што ќе се соочи или со Британецот Камерон Нори или со Аргентинецот Франциско Комесана.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, со пласманот во третото коло на УС Опен го постигна историскиот резултат, надминувајќи го рекордот на Роџер Федерер, бидејќи сега е тенисерот со најмногу учества во третите кола на сите грен-слем турнири.
Иако оваа сезона стигна до полуфиналето на сите три големи турнири, сѐ уште не успеал да игра во финале. Последен пат кога Ѓоковиќ не успеал да стигне до финале на грен-слем во една календарска година беше во 2017 година.
По елиминацијата во полуфиналето на Вимблдон во јули, Ѓоковиќ не играл сѐ до својот настап во Њујорк, пропуштајќи повеќето северноамерикански турнири на тврда подлога.
Ѓоковиќ изјави дека, и покрај тоа што не е во идеална форма, се надева дека ќе ја врати конкурентноста како што турнирот ќе се одвива.
“Тоа го очекувам, колку подлабоко ќе влезам во турнирот, толку подобро ќе се чуствувам што се однесува до мојата игра. Очигледно, во последниве неколку години ситуацијата со моето тело е малку поинаква. Брзо се заморувам во споредба со порано,” рече тој.