
Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше за преселувањето на АТП турнирот од Белград во Атина, но и за турбулентната ситуација во општеството. Српскиот ас призна дека е емоционално погоден од целиот развој на настаните.
На почетокот на август беше потврдено она за што долго се шпекулираше – АТП турнирот веќе нема да биде во Белград, туку се преселува во Атина.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Речиси три недели подоцна, Новак од Њујорк ги сподели своите емоции и ставови со домашните новинари.
“Сѐ што можам да кажам е дека ние не сакавме да го селиме турнирот, тоа е сѐ што можам да кажам. За жал, така е, како што е…” започна Ѓоковиќ.
Подоцна додаде дека сепак се надева на враќање на натпреварувањето во Србија.
“Дали ќе се врати турнирот во Србија, јас се надевам дека ќе се врати. Од наша страна секогаш постои таа желба и тенденција. Мојот брат Ѓорѓе, кој го води турнирот, едноставно беше ставен во ситуација да турнирот мора да се сели.”
“Без влегување во политика, бидејќи веќе доволно зборував за тоа, се надевам дека страсите ќе се смират малку. Многу сето тоа ескалираше, буквално сме на граница на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата малку ќе се смират, но нема најава за тоа.”
Фото: Принтскрин