Дома Останати Тенис Ѓоковиќ снимен како беснее: Го пцуеше тенисот и спортот – Мареј само гледаше! (Видео)

Ѓоковиќ снимен како беснее: Го пцуеше тенисот и спортот – Мареј само гледаше! (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за дуелот од второто коло на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, а за време на вчерашниот тренинг целосно ги загуби нервите.

Ѓоковиќ во последно време не блеска, и се чини дека годините го стигнаа. Особено незадоволен беше на Мастерсот во Монте Карло, каде неочекувано го исфрли Алехандро Табило уште во осминафиналето.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Дека Ѓоковиќ повеќе не се чувствува толку сигурен и задоволен на теренот покажуваат и сцените кои беа забележани на последниот тренинг.

Српскиот тенисер синоќа тренираше со Артур Филс на терените во Мадрид. Меѓутоа, по еден удар беше снимен во момент на бес поради грешен удар.

Дали беше незадоволен од својата игра или од состојбата на теренот, не е познато. Тој побара пешкир од неговиот тренер Енди Мери, а потоа нервозно почна да пцуе.

“Во ма…тер, ј*** спортот и ј*** тенисот веќе. Тоа е тој распад на системот”, викаше Ѓоковиќ по погрешниот потег.

Ѓоковиќ денес ќе игра во дуел од второто коло против Матео Арналди од Италија, тенисер со кој сè уште никогаш не се сретнал. Мастерсот во Мадрид е шанса Ѓоковиќ да го освои јубилејниот, 100-ти ATP трофеј во кариерата.

Фото: Novak Djokovic/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ пред Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби не баш добра вест пред почетокот на Вимблдон. Тејлор Ф…