
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше денес во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, откако во четвртфиналето го победи четвртиот играч на светот, Американецот Тејлор Фриц, по четири сета, 6:3, 7:5, 3:6, 6:4.
Седмиот тенисер на светот победи по три часа и 24 минути и 53. пат во кариерата се пласираше во полуфинале на гренд слем турнир.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ во 11. меч против Фриц ја постигна 11. победа и 14. пат се пласира во полуфиналето на УС Опен, со што го изедначи рекордот на Американецот Џими Конорс.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз, против кого има пет победи во осум дуели.
На Србинот на патот кон 25-тата гренд слем титула му стојат двајца од сега најдобрите тенисери на планетата, Јаник Синер и Карлос Алкараз.
„Не мораме да трошиме зборови за Синер и Алкараз, тие се најдобрите на светот и сите очекуваат нивно финале, а јас ќе се обидам да им ги расипам плановите, па ќе видиме! Синер мора да победи уште неколку меча за финале, но сигурно тие играат најдобар тенис од сите останати. Доминираат од почетокот на турнирот, но јас сигурно нема да излезам со бело знаме, никој тоа не го прави против нив, но особено не јас. Влегов во уште едно гренд слем полуфинале, најконстантен сум на слемовите оваа година, а на почетокот на годината реков дека сакам тука токму да играм најдобриот тенис. И ете не. Имам уште една шанса и се надевам дека ќе бидам доволно подготвен да одам рамо до рамо со Карлос, па ќе видиме“, јасен е Новак.
Фото: Принтскрин