Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се распадна по поразот на Ролан Гарос: Можно е ова да е мојот последен натпревар тука

Ѓоковиќ се распадна по поразот на Ролан Гарос: Можно е ова да е мојот последен натпревар тука

ЈАНИК СИНЕР обезбеди место во финалето на Ролан Гарос. Првиот тенисер во светот во полуфиналето го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета. По три часа и 17 минути игра, резултатот беше 6:4, 7:5, 7:6(3).

Во финалето, Синер ќе се соочи со Карлос Алкараз, кој претходно го елиминираше Лоренцо Мусети. По натпреварот, Ѓоковиќ го покажа своето разочарување на емотивната прес-конференција.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


“Можно е ова да беше мојот последен натпревар овде. Малку бев емотивен затоа што навистина беше неверојатно што добив од публика.

Не знам што носи утре, особено сега во оваа фаза од кариерата. Продолжувам понатаму, Вимблдон е следен, ќе вложам сè за да бидам подготвен. Можеби таму имам најголеми шанси да освојам уште еден Гренд Слем, ако не Австралија…”, изјави тој и потоа додаде:

“Реков дека би можело да биде мојот последен меч, не дека е. Не знам што ќе се случи за 12 месеци, тоа е голема далечина. Би сакал да играм повторно? Да. Ќе можам ли? Не знам. Тоа е она што можам да го кажам.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Трагедија на Завршниот мастерс во Торино – починаа двајца навивачи!

Голема трагедија се случи на Завршниот мастерс во Торино откако двајца навивачи ги загубиј…