
Новак Ѓоковиќ одиграл најмногу натпревари во кариерата против Рафаел Надал, безброј пати го истакна кралот на земјените терени како свој најголем противник и тоа го повтори и во Мадрид на доделувањето на наградата „Лауреус“ за најдобри спортисти во светот.
– Секогаш се сеќавам на големите партии, особено против Надал, мојот најголем ривал – потсети на одличните дуели на големиот стадион во шпанската престолнина.- Но, исто така се потсетувам дека овде последен пат го загубив полуфиналето против Алкарас.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ако двајцата продолжат да победуваат, можат повторно да се сретнат во борба за пласман во финалето:
– Се надевам дека можам да стигнам до полуфиналето со него бидејќи сè уште го барам моето максимално ниво – истакна најдобриот тенисер на сите времиња кој во Мадрид триумфираше три пати.
Фото: Принтскрин